📷 ПРИЈАТЕЛСКА АТМОСФЕРА МЕЃУ ЛИДЕРИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН Ковачевски ги пречека гостите пред утрешниот состанок
Местото на сите држави од регионот е во ЕУ и го имаме потребниот лидерски потенцијал за носење на храбри одлуки за подобра иднина. На сите нас – и на Западен Балкан и на Европа, ни се потребни единство и стабилност“, напиша Ковачевски.
Вечерва во пријателска атмосфера со лидерите од Западен Балкан ги потврдивме нашите ставови за интеграција на регионот во ЕУ, напиша премиерот Ковачевски на неговиот фејсбук-профил
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва ги пречека неговите колеги од Албанија и Косово, но и претседателот на Србија кои утре ќе учествуваат на состанокот на лидерите на Западен Балкан, посветен на Планот за раст на регионот, усвоен од Европската Комисија.
Премиерот Ковачевски, на неговиот фејсбук-профил, напиша „вечерва во пријателска атмосфера со лидерите од Западен Балкан ги потврдивме нашите ставови за интеграција на регионот во ЕУ“.
„Местото на сите држави од регионот е во ЕУ и го имаме потребниот лидерски потенцијал за носење на храбри одлуки за подобра иднина. На сите нас – и на Западен Балкан и на Европа, ни се потребни единство и стабилност“, напиша Ковачевски.
Тој на својот официјален фејсбук-профил објави фотографии од пречекот на гостите.
На заедничката фотографија, покрај домаќинот Ковачевски, се и претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама и нивниот косовски колега Албин Курти. На фотографијата се и претседателот на Фондацијата „Отворено општество“ Алекс Сорос, Герт Јан Копман, генерален директор за соседство и преговори за проширување во Европската комисија и Џејмс О’Брајaн, помошник државен секретар за Европски и Евроазиски прашања на САД.
На приемот на лидерите од Западен Балкан добредојде им посакале и шефот на македонската држава Стево Пендаровски, како и првиот вицепремиер Артан Груби и лидерот на партијата ДУИ, Али Ахмети.
На средбата ќе учествуваат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за финансии Фатмир Бесими, како и нивните колеги од земјите од Западен Балкан. Дополнително, ќе присуствуваат и претставници на регионалните организации, Регионалниот совет за соработка, ЦЕФТА и Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан-6, како и на меѓународните финансиски институции.