ПРВО РЕШЕТЕ ГО ПРОБЛЕМОТ СО ЛИЧНИТЕ ДОКУМЕНТИ, ПА ЗАМИНЕТЕ! Владата да ја прифати иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, порача Демократски сојуз
Владата да се согласи Уставниот суд да да ја одложи примената на законските рокови за важноста на возачките дозволи и патните исправи, согласно иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ, порача партијата на Павле Трајанов, Демократски сојуз.
„Прво, личните карти, како документи за внатрешна употреба, можат да се користат до датумот на нивната важност. Тоа значи дека можат да се користат насекаде, пред сите институции, банки, за гласање итн. Второ, возачките дозволи можат слободно да се користат во внатрешноста на Македонија, додека во странство нивната важност е поврзана исто како и важноста на патните исправи, односно истите можат да се користат до 12.02.2024, доколку не се продолжи овој рок. Трето, согласно Договорот од Преспа и уставните измени, личните документи кои се користот во странство (патни исправи и возачки дозволи), важноста им е до 12 февруари 2024 година, поради што МНР треба да бара Грција да се согласи овој рок да се продолжи до денот на важноста на овие исправи или најдоцна до 31.12.2024 година, поради технички причини и немањето кадровски потенцијал да се заменат со променетото име на државата до рокот дефиниран со Преспанскиот договор и уставните промени. Со патните исправи државјаните на Македонија кои се во странство слободно можат да патуваат и да се вратат во Македонија“, се вели во соопштението на Демократски сојуз.
Во оваа насока, наведено е таму, Владата да се согласи Уставниот суд да да ја одложи примената на законските рокови за важноста на возачките дозволи и патните исправи, согласно иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ.
„За овие гужви и малтретирање на граѓаните пред шалтерите на МВР мора да се најде решение, но и мора Владата и ресорните министри да понесат одговорност“, соопшти ДС.