УКРАСОТ СО БРОЈКА 2024 ВО СТРУГА НЕ Е БЕЗБЕДЕН Девојче добило струен удар од конструкцијата

Според таткото на девојчето, ударот можел да биде фатален. Случајот е пријавен во полиција.

1,992

Новогодишното украсување можеше да биде кобно за едно девојче од Струга. Додека било фотографирано со семејството во металната конструкција „2024“ во центарот на градот, девојчето ја ставило раката на еден од металните броеви. Во тој момент добило струен удар, но за среќа без посериозни последици, јавува ВОКС Струга.

Според таткото на девојчето, ударот можел да биде фатален. Случајот е пријавен во полиција.






Полицијата заедно со екипи на ЕВН излегоа на терен и докажаа дека во металната конструкција има електрична струја што ги загрозува животите на граѓаните. Настанот се случил синоќа околу 22:30 часот.

За случајот граѓаните почнаа да коментираат на Фејсбук.

 

 

Поврзани содржини