СЕ ПРЕТОВАРИЛ СО ПИРОТЕХНИКА, МУ ЗАПЛЕНИЛЕ 21.524 ПАРЧИЊА На Бит Пазар уапсен продавач на црно
33-годишниот Р.А. од Скопје на импровизирана тезга продавал поголемо количество разновидни пиротехнички средства.
Денеска попладне на скопски Бит пазар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 33-годишниот Р.А. од Скопје, кој е затекнат како на импровизирана тезга продавал поголемо количество разновидни пиротехнички средства.
При тоа пронајдени и одземени се 21.524 пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против Р.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.