СДСМ, ДУИ И ЛЕВИЦА ГЛАСАА КАКО ПОПЧИЊА Реакција од ВМРО-ДПМНЕ за усвојувањето на буџетот на Град Скопје за 2024

Најпогубниот неразвоен буџет скроен по теркот и меракот на СДС, ДУИ и Левица денеска беше изгласен во Советот на Град Скопје - истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

689

Коалицијата се потврди, СДС, ДУИ и Левица како попчиња и гласаа неразвоен буџет на Данела Арсовска, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата по изгласувањето на буџетот на Град Скопје за 2024 година.

„Коалицијата СДС, ДУИ и Левица проработе. Најпогубниот неразвоен буџет скроен по теркот и меракот на СДС, ДУИ и Левица денеска беше изгласен во Советот на Град Скопје. Арсовска донесе буџет со помош на СДС, ДУИ и Левица.






Мнозинството СДС, ДУИ и Левица ѝ изгласа буџет на Арсовска за да ги укине капиталните инвестиции, намали субвенциите и парите да завршат во приватни џебови на пајташите на Арсовска.

Медарката Арсовска си обезбеди полни раце мед со гласовите на Левица, ДУИ и СДС. Честито за коалицијата, жалење за новата загубена година“ – стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини