АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈА ИМА ПРАВО НА ЧЛЕН ВО ДИК Власта да не манипулира, повикува Демократски сојуз
Решенијата од Изборниот законик се јасни и опструкциите од ДУИ и СДСМ укажуваат на можно сценарио за кршење на изборните правила и оспорување на изборните резултати.
Демократскиот сојуз ги повикува ДУИ и СДСМ да не го блокираат изборот на член на Државната изборна комисија поддржан од опозициските политички партии на Албанците, бидејќи, како што оценува, тоа е законска обврска.
„Алијансата на Албанците една година е дел од парламентарното мнозинство и партиципира со свои министри во Владата и другите ешалони на власта и нема законскa основa да предлага, односно да поддржува кандидат за член во ДИК.
Решенијата од Изборниот законик се јасни и опструкциите од ДУИ и СДСМ укажуваат на можно сценарио за кршење на изборните правила и оспорување на изборните резултати.
Ја повикуваме Комисијата за избори и именувања да постапи согласно законите и да не биде дел од сценариото за блокада на комплетирањето на ДИК“ – се вели во соопштението на ДИК.