ЈА ПАРТИЗИРАА И КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА Левица обвинува дека власта предлага партиски членови и го узурпира ова тело
Имено, за нови членови на комисијата се предлагаат: Флора Кадриу - поранешна пратеничка од Демократската партија на Албанците, Душан Томшиќ - советник во Министерството за труд и социјална политика од СДС и Зекир Абдулов - советник во општина Делчево од партијата ПДПР (коалиционен партнер на СДС), велат од Левица.
Партијата Левица обвинува дека власта предложила свои партиски членови од коалициските партии во Комисијата за спречување и заштита од дискирминација со што ја загрозува независноста на ова тело и неговата работа. Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на Левица:
„Деновиве, во јавноста излезе алармантна информација дека една од најважните државни институции за заштита на правата на граѓаните – Комисијата за спречување и заштита од дискриминација – ќе биде предизборно дополнително партизирана.
Имено, за нови членови на комисијата се предлагаат: Флора Кадриу – поранешна пратеничка од Демократската партија на Албанците, Душан Томшиќ – советник во Министерството за труд и социјална политика од СДС и Зекир Абдулов – советник во општина Делчево од партијата ПДПР (коалиционен партнер на СДС).
Ова претставува уште едно предизборно вработување на партиска војска и понатамошно картелизирање на сите државни институции од страна на владејачките криминогени партии. Дополнително, со ваквата партизација, се загрозува независноста на ова тело, кое е клучно за заштита на најранливите општествени групи.
И покрај очајно ниската доверба во институциите, криминогените СДС и ДУИ целосно ги узурпираа институциите со неспособен партиски кадар по клиентелистички заслуги, за што говорат и критиките во Извештајот на Европската комисија. Потребна е целосна департизација на јавната администрација, со цел креирање на функционален систем – што може да го реализира само неискомпромитирана нова политичка сила која пркоси на владејачкиот естаблишмент!“, се вели во соопштението на Левица.