ЏАФЕРИ СИ ИГРА СО НЕПОПОЛНУВАЊЕ НА МЕСТОТО ВО ДИК Николоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ може да го напушти ДИК ако не се избере член од албанската опозиција
Николоски укажа дека „ние нема да оставиме ова вака да помине".
„Утре ќе има седница и се надевам ќе има разум кај владејачкото мнозинство и ќе се избере член од албанската опозиција или ние ќе преземеме порадикални чекори напуштање на ДИК, па нека организираат избори сами“.
Вака изјави потпретседателот Александар Николоски во централниот Дневник на МРТ во врска со непополнетото место во Државата изборна комисија(ДИК). Тој вели дека фактот што Талат Џафери и претседателката на на Комисијата за избори и именувања играат игра за непополнување на местото јасно говори дека постојат други намери.
– Веројатно се свесни тоа е класично кривично дело. Се работи за злоупотреба на службена положба. И дури и со ваков изменет Казнен законик ги фаќа и има одговорност. Не може да не се почитува законот. Тоа повлекува и други работи, членовите на ДИК делегираат членови на избирачки одбори и набљудувачи што го гарантира текот на изборниот процес – рече Николоски.
Тој укажа дека „ние нема да оставиме ова вака да помине”.
Николоски укажа дека за изборите клучно и основно прашање е дали целиот процес ќе е демократски и фер, додавајќи во однос на коалицирањето дека ВМРО-ДПМНЕ со ова раководство на ДУИ нема да коалицира.