ВЛАСТА МОЛИ ДА НЕ СЕ ШПЕКУЛИРА ЗА ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА ПАЛЕВСКИ Министерството за правда детално ќе ја презентира постапката

Бараме соработка од сите и ви благодариме за разбирањето, се вели во соопштението на Министерството за правда.

642

Министерството за правда на медиумите ќе им ја објасни целата постапка за екстрадиција. Ги повикуваме сите претставници на институции, медиуми, политички партии и други чинители во општеството да се воздржат од каков било коментар, особено за текот на постапката, бидејќи во спротивно може да наштетат на целиот процес на екстрадиција. Бараме соработка од сите и ви благодариме за разбирањето, се вели во соопштението на Министерството за правда.

Претходно јавни личности изнесоа претпоставки дека Турција може да ја одолговлекува екстрадицијата на Палевски, прво затоа што во јавноста веќе се води јавен линч кон него, како и поради тоа што Турција одамна бара од Македонија екстрадиција на приврзаници на организацијата ФЕТО, која Анкара ја квалификува како терористичка.

 

Поврзани содржини