📽 ИСТИОТ СПЛАВ КОЈ ЛАНИ ГОРЕШЕ СЕГА ПОТОНА Гостите на бродот „Боем“ на Дунав успеаја да излезат навреме
Засега не е позната причината за потонувањето.
Гостите успеале да излезат на време од сплавот „Боем“ кој до половина потонал кај реката Дунав во Смедерево во текот на ноќта, јавуваат српските медиуми. Засега не е позната причината за потонувањето. На социјалните медиуми беше објавена снимка. Се шпекулира дека пропадната едната страна од мостот кој го држел сплавот по што сплавот се навалил.
– Водата наеднаш почна да навлегува и сплавот почна да тоне. Немаше паника. Секоја чест за сите, бидејќи беа скромни и полека излегоа – изјавил за Република Никола Милуновиќ, кој беше на сплавот во моментот кога потона.
– Сите сме мокри! Неколку пати се враќав внатре за да извадам што е можно повеќе работи кои беа оставени, сакав да им помогнам на сите колку што можам – додал тој.
Во средината на август минатата година истиот сплав изгоре од непозната причина. Пожарот беше брзо локализиран.
View this post on Instagram