ПОЧИНА ЅВЕЗДАТА НА „PEAKY BLINDERS“ Славниот поет и актер Бенџамин Зефанија ја загуби битката со тешката болест
Ѕвездата од „Peaky Blinders“ Бенџамин Зефанија починал во раните утрински часови, осум недели откако му бил дијагностициран тумор на мозокот.
Ѕвездата од „Peaky Blinders“ Бенџамин Зефанија починал во раните утрински часови, осум недели откако му бил дијагностициран тумор на мозокот.
Британскиот поет и писател Бенџамин Зефанија почина на 65-годишна возраст, соопшти неговото семејство.
Во изјавата споделена на социјалните мрежи, неговото семејство наведе: „Со голема тага и жалење ја објавуваме смртта на нашиот сакан сопруг, син и брат во раните утрински часови.
Сопругата на Бенџамин цело време била покрај него и била со него кога починал.
„Го делевме со светот и знаеме дека многумина ќе бидат шокирани и тажни од оваа вест. Бенџамин беше вистински пионер и иноватор. Тој му даде толку многу на светот. Низ неверојатната кариера која вклучува огромен број песни, литература, музичка телевизија и радио, Бенџамин ни остава радосно и фантастично наследство“, додава семејството, пренесе „Дејли мејл“.