СЕ ЧЕКА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ПАЛЕВСКИ Министерството за правда денеска ја почнува постапката

Палевски, како што информира МВР, е фатен во Турција кај градот Беликесир, од страна на турската полиција.

763

Министерството за правда денеска треба да го поднесе барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски, првоосмничен за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

– Од почетокот на работното време ќе ја започнеме соодветната постапка – изјави за медиумите министерот за правда Кренар Лога.






Oд Министерството за правда  за МИА информираа дека во моментот се прибираат информации и документацијата од институциите за спроведување на постапката за екстрадиција. Кога ќе биде се подготвено, најверојатно министерот за правда Кренар Лога, на прес-конференција ќе ја инфоррмиа јавноста.

Палевски, како што информира МВР, е фатен во Турција кај градот Беликесир, од страна на турската полиција.

Истрагата и официјално е започната, а со кривичната пријава која е на 100 страници се опфатени се 5 лица, еден за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршување на убиство и еден за помагање при грабнување.

Поврзани содржини