Гостиварец кој бил во затворот Скопје во Шуто Оризари почина на комплексот клиники Мајка Тереза.
„Вчера во 07.43 часот во СВР Скопје била пријавено дека во 06.30 часот од Казнено-поправната установа Затвор Скопје во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ со здравствени проблеми бил донесен Л.Ф.(1962) од Гостивар. Во 07.55 часот лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција“, објави МВР во дневниот билтен.