ОТРУЕНА СОПРУГАТА НА ПРВИОТ ЧОВЕК НА УКРАИНСКАТА РАЗУЗНАВАЧКА СЛУЖБА Маријана Буданова е хоспитализирана со влошена здравствена состојба

Сопругата на Кирил Буданов била хоспитализирана поради труење со тешки метали. Овие супстанции на никаков начин не се користат во секојдневниот живот и воените работи и нивното присуство може да укаже на намерен обид за труење на одредена личност.

620

Маријана Буданова, сопругата на шефот на украинската воена разузнавачка служба Кирил Буданова е отруена, изјави за Киев Индипендент претставник на воената разузнавачка агенција (ГУР), кому во моментов не му е дозволено да излегува во јавност. Украинскиот медиум Бабел објави претходно денеска, повикувајќи се на неоткриени извори во военото разузнавање, дека Буданова била хоспитализирана поради труење со тешки метали.

Претставник на ГУР го потврди извештајот на Бабел во коментар за Киев Индипендент. Маријана Буданова наводно била хоспитализирана по долготрајно влошување на здравствената состојба, пишува Бабел.






„Лекувањето е во тек, а потоа ќе има преглед. Овие супстанции на никаков начин не се користат во секојдневниот живот и воените работи. Нивното присуство може да укаже на намерен обид за труење на одредена личност“ – изјавил нивниот извор.

Приказната ја потврдиле и анонимни извори за „Украинска правда“.

„Вистина е за сопругата на Буданов дека е отруена. Се пожали дека не се чувствува добро, па направивме тестови и открија дека е отруена“ – објаснуваат тие додавајќи дека  Буданова „најверојатно била отруена од храна“.

„Сега е подобро бидејќи ја помина првата фаза од лекувањето. Со оглед на тоа што сопругата на Буданов е прилично ситна и лесна, брзо добила симптоми. За уште неколку вработени е потврдено дека се отруени, но тие се со покрупна градба и не забележале никакви знаци. Сега се на лекување“ – велат изворите за „Украинска правда“.

Портпаролот на ГУР, Андриј Јусов, претходно изјави дека Русија во минатото неколку пати се обидела да го убие Кирил Буданов.

Поврзани содржини