ДЕЦАТА НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ЈА УНИШТУВААТ МАКЕДОНИЈА Муцунски смета дека драмата во Собранието била договорена

Промената на власта наскоро доаѓа, а таа е можна само со обединување околу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како единствена опозиција во Македонија, која има план и стратегија како да ја изведе државата на вистинскиот пат, напиша Тимчо Муцунски на Х.

643

Секаде важи правилото дека револуцијата ги јаде своите деца, но децата на Шарената сѐ уште се обединети во намерата за уништување на Македонија, напиша на платформата Х градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

„Криминалите на власта не се спречуваат со договорени драми и гнев кон собранискиот инвентар платен од граѓаните. Промената на власта наскоро доаѓа, а таа е можна само со обединување околу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата како единствена опозиција во Македонија, која има план и стратегија како да ја изведе државата на вистинскиот пат“, напиша Муцунски.

Поврзани содржини