СЕДУМ ОСНОВНИ СУДОВИ ДОБИЈА НОВИ ПРЕТСЕДАТЕЛИ Свечена церемонија во Судски совет
Дел од судиите, односно судијките Јасмина Шишковска и Флутурије Дервиши и судијата Бесник Авдија, претходно ја извршуваа функцијата в.д. претседатели на конкретните судови.
Седум судии денеска во Судскиот совет дадоа свечени изјави како претседатели на повеќе Основни судови од државава.
Станува збор за судиите од Основниот граѓански суд Скопје – Бесник Авдија, Основниот суд Битола – Татјана Петровска, Основниот суд Неготино – Билјана Толова, Основниот суд Кичево – Флутурије Дервиши, Основниот суд Крива Паланка – Орце Јанковски, Основниот суд Прилеп – Јасмина Шишковска Стојковиќ и Основниот суд Штип – Ацо Тасев, кои неодамна беа избрани за претседатели на овие судови.
Дел од судиите, односно судијките Јасмина Шишковска и Флутурије Дервиши и судијата Бесник Авдија, претходно ја извршуваа функцијата в.д. претседатели на конкретните судови.