МАЛОЛЕТНИК ПУКАЛ ВО ПАЦИЕНТИ НА ПСИХИЈАТРИСКА КЛИНИКА ВО МАРИБОР Во инцидентот се повредени повеќе лица

Во инцидентот се повредени четворица пациенти од клиниката, подоцна сторителот пукал и во чуварот кој ги им помагал на пациентите.

389

Засега непознат сторител во Марибор пукал во пациенти на психијатриска клиника кои биле излезени на прошетка во дворот на одделението. Четири лица се здобиле со полесни повреди. Подоцна пукал и во чуварот кој проверувал дали сите пациенти се безбедни. Чуварот не е повреден, додека четворица пациенти се здобиле со полесни повреди, еден од нив е испратен на дополнителен преглед на клиника за траума, информират од клиниката

Заради безбедност на пациентите, прошетките во дворовите на Одделот за психијатрија се времено укинати.






Во врска со инцидетот, словенечката полиција привела малолетник кој се сомничи дека е сторител на делото, пренесуваат словенечките медиуми.

Полицијата во Марибор прибира информации поради сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност, откако засега непознат сторител во четвртокот попладне со употреба на воздушна пушка полесно повредил четири лица на подрачјето на улицата Љубљанска, соопшти полициската управа на Марибор. Во врска со инцидентот, тие вчера вечерта влегле во трага на малолетното лице и ќе преземат дејствија согласно нивните овластувања.

Поврзани содржини