📽️ ЗЕЛ ПУШКА И ПУКАЛ ПРЕД УЧИЛИШТЕ ВО ТУРЦИЈА Најмалку четворица повредени, повеќето се ученици

Вооружен маж пукал кон ученици кои пристигнувале на средно училиште во Тургугутлу, а мотивот за нападот засега не е познат.

0

Најмалку четири лица се повредени откако вооружен напаѓач утрово отворил оган пред средно училиште во западна Турција. Според првичните информации, меѓу повредените има и ученици.

Пукањето се случило пред средно стручно и техничко училиште во Тургугутлу, град во провинцијата Маниса.






Канцеларијата на гувернерот на Маниса го потврди инцидентот и соопшти дека на местото веднаш биле испратени полициски и медицински екипи.

Според турскиот „Хабертурк“, напаѓачот пукал со пушка кон учениците кои пристигнувале на училиште. Најмалку четири лица биле повредени, а првичните информации укажуваат дека повеќето од нив се ученици.

Засега не е познат мотивот за нападот.

 

Поврзани содржини