Во близина на паркот за домашни миленици во Ново Лисиче, позади куќите, еден човек прави нешто чудно.
– Што правите, господине? – го прашува жена, која ја снима несекојдневната глетка.
– Еве, колам зајак – одговара спокојно господинот и продолжува со својата очигледно макотрпна работа.
Вџашена од глетката, госпоѓата се буни, му вели на кољачот дека не можело вака, за на крајот да излезе дека сепак – можело.
И така…
Уште една слика и прилика на нашето урбано живеење.
Тешко на зајците…