НОВОРОДЕНЧЕ ПОЧИНА ВО ИНКУБАТОР Болничкиот комплекс Ал-Шифа на Газа е исклучен од струја

Портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф Ал-Кидра изјави дека најголемиот болнички комплекс во Газа останал без гориво. и струја.

141

Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, соопшти денеска дека е прекинато работењето во болничкиот комплекс Ал-Шифа во Газа.

Портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф Ал-Кидра изјави дека најголемиот болнички комплекс во Газа останал без гориво и струја.






-Како резултат на тоа, едно новороденче почина во инкубатор, каде се наоѓаат 45 бебиња – изјави Ашраф Ал-Кидра, пренесува Би-Би-Си.

Информациите ги потврди и директорот на болницата.

-Нема струја. Медицинските помагала се стопирани. Пациентите, особено оние на интензивна нега, почнаа да умираат – рече директорот на Ал Шифа Абу Селми за АП.

Поврзани содржини