📽 ЈАДРАНСКО МОРЕ СЕ ИЗЛЕА НА КРАЈБРЕЖНИТЕ РИВИ Силен ветар и невреме во Далмација

Невремето проследено со обилни врнежи и силен ветар предизвика излевање на морето се излеа на крајбрежните делови на Далмација.

965

Силен налет на ветрот Југо денеска предизвика излевање на Јадранското Море на бреговите низ Далмација. Морето се излеа на бреговите и ривите во хрватските крајбрежни места, Задар, Сплит, Трогир, Шибеник, Каштела, Брач, Чиово и Хвар.






Обилните врнежи  што ги зафатија Австрија и Словенија, а потоа се спуштија и во Хрватска денеска  предизвикаат значително покачување на водостојот на реките Мура, Драва и Сава, а се очекува и нагло покачување на водостојот и  на помалите притоки, објавија хрватските медиуми.

Поради обилни и интензивни врнежи и грмежи на подрачјето на Горски котар, Лика и на целиот Јадран и неговата внатрешност, и денеска постои можност за поројни и урбани поплави, велат од Хрватске вода.

Како што пренесува RiMeteo, местото Фужине во Горски Котар побеле поради количеството град што наврна денеска.

Поврзани содржини