РЕАКЦИЈАТА БЕШЕ ОЧЕКУВАНА, КАНАЛ 5 ЈА ИМА МОЈАТА ОГРОМНА ПОДДРШКА Мицкоски го обвини Исмет Рамадани за инцидентот во „Само вистина“

Моето искуство е дека (Мирчевски) никогаш не оставил најмал простор за тоа што беше оквалификуван од страна на господинот кој вчера безочно го нападна во отсуство на аргумети – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

1,204

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со вчерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 телевизија смета дека реакцијата на луѓето што ја водат телевизијата била очекувана.

– Станува збор за исклучително коректно момче, кое професионално си ја работи својата работа. Моето искуство е дека никогаш не оставил најмал простор за тоа што беше оквалификуван од страна на господинот кој вчера безочно го нападна во отсуство на аргумети. Нормално е да се очекува луѓето кои го водат тој медиум да реагираат и според мене, реакцијата која следеше е очекувана. Огромна поддршка за медиумот. Мојата честитка и на роденденот на медиумот беше дека политичарите постојат и заминуваат, а медиумите да продолжат да работат професионално. Задржете ја професионалноста и воопшто не треба да се посветува внимание на луѓе кои се само една лоша епизода на политичката сцена – рече Мицкоски.

Поврзани содржини