ГО „ЗГАЗИЛ“ СВОЈОТ СОСЕЛАНЕЦ ОД ШИПКОВИЦА Тешка сообраќајна несреќа во центарот на Тетово

Во несреќата тешко е повреден 22-годишен мотоциклист.

150

На крстосница од ул. „Благоја Тоска“ со ул.„ЈНА“ во Тетово вчера околу 19 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.М.(35) од село Шипковица, тетовско и мотоцикл, со тетовски регистарски ознаки, управуван од Н.И.(22), исто така од Шипковица.

Како што соопшти СВР Тетово, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Поврзани содржини