📽 „РАБОТЕВМЕ НА ОВА ДОЛГО ВРЕМЕ“ Бајден објави снимка од разговорот со мајката и ќерката што беа ослободени од Хамас
Во разговорот објавен на Твитер, Бајден вели дека е „воодушевен“ што Вашингтон успеал да ги ослободи двете американски државјанки кои две недели беа заробени во нападот на Хамас во Израел.
Американскиот претседател Џозеф Бајден на социјалните мрежи објави видео од разговор со ослободените американски заложници – мајка и ќерка кои ги држеше Хамас.
Во разговорот објавен на Твитер, Бајден рече дека е „воодушевен“ што Вашингтон успеал да ги ослободи.
– Мило ми е што сте излезени. Возбуден сум што успеавме да ве извлечеме. Работевме на ова долго време – им рече Бајден на Џудит и Натали Ранан во телефонскиот повик од Овалната соба.
Натали Ранан во разговорот му се заблагодарува на америкнаскиот претседател за „она што го прави за Израел“.
Хамас ги ослободи двете Американки во петокот навечер.
Judith and Natalie, I’m so glad you’re coming home. pic.twitter.com/c7az0PcYXn
— President Biden (@POTUS) October 21, 2023