ДОЛИ ПАРТОН ПРИЗНА ДЕКА 40 ГОДИНИ СПИЕ СО ШМИНКА Актерката не сака да изгледа како вештерка пред сопругот
Кантри пејачката Доли Партон (77) во својата книга „Зад шевовите: Мојот живот во штрасови“ (Behind the Seams: My Life in Rhinestones) признала дека повеќе од 40 години спие со целосна шминка за во секој момент да биде подготвена за камерите.

„Кога дојдов во Лос Анџелес во 80-тите, почнав да спијам со шминка, делумно поради земјотресот. Нема да излезам на улица без шминка“, напишала Доли.
„Не е важно кога го чистите лицето, важно е тоа да го направите барем еднаш“, смета Доли.
Доли откри дека тоа го прави делумно поради нејзиниот сопруг Карл Томас Дин, со кој е 50 години.
– Не сакам да изгледам како вештерка пред него – рекла легендарната пејачка.
Доли на тој начин стана препознатлива по својот секогаш дотеран изглед, а рече и дека сакала да се дотерува уште од мало девојче, но бидејќи пораснала во сиромашно семејство во Тенеси, немала секогаш пари за шминка.
„Користев кибрит за да ги потемнам веѓите и бобинки за моите усни“, рече таа.