📽 ВАКОВ ПРИМИТИВЕН ПОТЕГ ОДАМНА НЕ СМЕ ВИДЕЛЕ Санабрија го плукна Меси
На овој натпревар Лионел Меси влезе од клупата за резервни фудбалери, а на теренот имаше кратка расправија со Санабрија кој игра за Торино во италијанската Серија А.
Крајно неспортски и примитивен потег на Санабрија од редовите на Уругвај на мечот со Аргентина кој заврши со резултат 0:1.
На овој натпревар Лионел Меси влезе од клупата за резервни фудбалери, а на теренот имаше кратка расправија со Санабрија кој игра за Торино во италијанската Серија А.
Во еден момент Меси се заврте со грбот, а Санабрија го искористи тој момент за да го плукне Аргентинецот.
Меси подоцна изјави дека воопшто не ни знаел дека бил плукнат сѐ додека не отишол во соблекувалната, а за ова му кажале соиграчите.
QUE LO ESCUPIS A MESSI PARAGUAYO PELOTUDO LA CONCHA DE TU MADRE SANABRIA pic.twitter.com/Tn3qnFCDzm
— Argentina Gol 𝕏 (@BocaJrsGolArg) October 13, 2023
По завршувањето на натпреварот новинарите го прашаа Меси како се чувствува откако беше плукнат од играчот на Уругвај, а тој одговори: „Вистината е дека не ни знам кое е тоа момче. Повеќе не сакам да зборувам, не сакам да му дадам дополнително внимание“.