НИКОЈ НЕ КОНТРОЛИРАЛ ШТО РАБОТИ ОНКОЛОГИЈА Мизрахи очекува сведоците да ја „отплеткаат“ аферата

593

Почна со работа Анкетната комисија во смисла на повикување на сведоци. Први беа повикани екс министерот за здравство, Беким Сали, меѓутоа исто така и министерот актуелен за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Беким Сали ја даде изјавата во врска со периодот на неговото престојување како министер за здравство, тоа се 11 месеци. И баш за тој период, 2021 година за кој што се однесува Извештајот на ДСЗР, тој кажа дека не ги имал информациите и дека истите не биле во целост достапни за него за тој да може да покрене одредена иницијатива на истрага , истакна пратеничката Рашела Мизрахи, која е претседателка на Анкетната комисија за скандалот со онкологија.

Мизрахи рече дека Беким Сали истакнал дека има многу оскудни информации за КАТО системот и останатите системи кои што би требало да бидат контролни механизми на работењето на Клиниката за радиотерапија и онкологија.






– Она што повеќе ме загрижи мене од изјавата од него беше поврзано и баш со Извештајот на ДСЗР каде што тој видел односно се забележале абнормалности во однос на финансиските извештаи на самата клиника и баш заради тоа го викнал директорот и разговарал со него за да види како можат да се надминат тие ситуации. Барал и вонредна расправа односно вонредна инспекција од Фондот за здравствено осигурување меѓутоа тука и му завршил мандатот – рече Мизрахи.

Таа посочи дека Извештајот на ДСЗР е мошне детален и првата работа што се забележува е дека немало никаков одговор од Клиниката за онкологија.

– ВМРО-ДПМНЕ веќе достави листа на луѓе коишто сакаме да дојдат и да разговараат со Анкетната комисија и да ги дадат своите изјави. Тоа е листа од 44 поранешни и сегашни функционери и раководители на различни степени во самите институции, кои што ќе треба да посведочат. Социјалдемократскиот сојуз даде листа од 27 сведоци, Левица чинам дека предложи еден сведок. А, исто така ВМРО-ДПМНЕ побара документација 44 различни архивирани документации кои што се однесуваат на различни институции и од нив ќе утврдиме што се случувало – појасни таа.

Таа посочи дека она што нејзе ја загрижува и што може да утврди таа е целосна суспензија на контролните механизми кои што биле поврзани со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Поврзани содржини