ПРОРАБОТЕ НАЈГОЛЕМАТА ПРИВАТНА ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА НА БАЛКАНОТ „Новаци“ ќе произведува 85.000 мегаватчасови струја

Инвестицијата е во висина од 40 милиони евра и е сосптвеност на компанијата „Меј Енерџи“. Фотоволтаилната централа се простира на 57 хектари во општина Новаци.

1,378

Најголемата приватна фотоволтаична централа на Балканот ФЕЦ „Новаци“ денеска официјално беше пуштена во работа. Таа има капацитет од 55 мегавати и проектирано годишно производство од 85.000 мегават часови електрична енергија. Инвестицијата е во висина од 40 милиони евра и е сосптвеност на на компанијата „Меј Енерџи“. Фотоволтачната централа се простира на 57 хектари во општина Новаци.

Централата ќе ги задоволува годишните потреби на 30.000 семејства за електрична енергија.






Шефќет Демировски, генерален директор на „Меј енерџи“, притоа изјави дека нивниот капацитет во Новаци е целосно проектиран и изграден од домашни компании.

-Овој проект ќе придонесе за создавање на еколошки поздрава средина и економски подобро општество. Преку сонцето тука ќе се создаваат  85 милиони киловат часови електрична енергија. Преку реализација на овој проект создаваме услови и за други домашни и странски компании да препознаат можност за инвестирање во енергетскиот сектор, а со тоа и за раст и развој на државата – рече Демировски.

Градежните работи за изградба на фотонапонската централа започнаа лани во ноември. Се состои од 101.062 фотоволтаични панела. Оперативниот период на работа и е 25 години.

На пуштањето во работа присутвуваа премиерот Димитар Ковачевски и неколку министри во владата.

 

 

Поврзани содржини