Американскиот пејач и текстописец Џими Бафет, познат по својот хит „Margaritaville“, почина на 76-годишна возраст, објавено е на неговата веб-страница.
Бафет во тајност се борел со ракот, објавија американските медиуми.
„Џими почина мирно ноќта на 1 септември опкружен со членовите на семејството, пријателите, музиката и кучињата. Животот го живееше како песна до последниот здив и на многумина ќе им недостига“, напиша семејството.
„Margaritaville“, песна објавена во 1977 година, се искачи на 8-то место на 100-те најголеми хитови на „Билборд“, каде што се задржа на топ-листата 22 недели. Тоа беше неговиот најпопуларен сингл.
Бафет зад себе ги остави сопругата Џејн Слагсвол, двете ќерки Сара и Савана и синот Камерон.