🎥 ПОЖАРИТЕ ВО ГРЦИЈА ИЗГОРЕА НАД 1% ОД ВКУПНАТА ТЕРИТОРИЈА Нови жаришта во Еврос и областа Лептокарија

Пожарникарите во Грција во моментов се борат со над 100 шумски пожари низ земјата, изгорената површина е тројно зголемена во споредба со просекот во последните 17 години.

679

Над 100 пожари моментално горат во Грција, што резултира со изгорена површина која е тројно зголемена во споредба со просекот во последните 17 години. Овој изгорен регион сега зафаќа над 1% од вкупната површина на Грција.

Пожарникарите во Грција во моментов се борат со над 100 шумски пожари низ земјата. Многу од новите пожари се разгореа во Парнита, во областа Еврос и на други огнени фронтови, соопшти противпожарната служба.






Во Еврос, во североисточниот дел на Грција, пожарите горат веќе 11 дена, најголемите жаришта се лоцирани во Дадија, Ајсими и Суфли и создадоа фронт во областа Лептокарија, поради што е дадено известување за евакуација на жителите.

Нови жаришта избувнаа во областите Лефкими, Лептокарија и Треис Врисес, а на Родопите во областите Каситера и Кирки, јавуваат грчките медиуми.

Грчката влада денеска во Мегарос Максимос, одржа состанок за состојбата со пожарите и за обновување на шумите во Еврос и Парнита.

Во Еврос веќе почнаа да се евидентираат штетите за да се исплати отштета на настраданото население.

Поврзани содржини