📽 ТРАГЕДИЈА ВО РОМАНИЈА Најмалку 46 лица повредени во експлозии на бензинска пумпа

Според очевидци настанот започнал со првата експлозија во која учествувал камион ТИР. Подоцна автомобилот се запалил, а потоа дошло и до експлозија која го фрлила резервоарот преку патот.

743

Две големи експлозии на бензинска пумпа во градот Креведија близу Букурешт во Романија се случиле синоќа. Најмалку 46 лица се повредени, а едно загина во инцидентот до кој се претпоставува дека дошло кога гориво излиено во подземен контејнер. Три илијади луѓе кои живееле во радиус од 700 метри од несреќата се евакуирани.

Според очевидци настанот започнал со првата експлозија во која учествувал камион ТИР. Подоцна автомобилот се запалил, а потоа дошло и до експлозија која го фрлила резервоарот преку патот.

 






 

Генералниот комесар за национална заштита на животната средина, Андреј Корлан, го советуваше населението да ги затвори прозорците по експлозијата. Во Дамбовица активиран е т.н. План за црвена интервенција.

Претседателот на Романија, Клаус Јоханис се обрати по трагедијата:

– Нова трагедија вечерва ја потресе Романија и длабоко сум тажен што експлозиите во Креведија резултираа со жртви. Испраќам сочувство до семејствата на жртвите и посакувам брзо закрепнување на повредените. Во моментов, приоритет е да се обезбеди целата поддршка на засегнатите. Штом ситуацијата во ризичната зона ќе се стабилизира, мора брзо да се започне истрага за да се утврди дали се прекршени законот и правилата. Барам властите да преземат итни мерки за повредени за да не се повторат трагедиите од минатото – изјави претседателот.

Поврзани содржини