САКАШЕ ДА СЕ ФОТОГРАФИРА СО НЕА, ПА ЈА НАМАЧКА СО ИЗМЕТ Германската политичрката изјави дека било одвратно

Човекот брзо е совладан од полицијата и против него е спроведена истрага. Фон Сторч рече дека поднела тужба.

1,240

Беатрикс фон Сторч, заменик-претседателката на партијата АфД (Алтернатива за Германија) и пратеничка во Бундестагот која се залага за антимигрантска и антизелена политика, е намачкана со измет од еден од демонстрант во градот Даун за време на јавен настап.

Политичарката потоа изјави дека мажот ја замолилил  за фотографија и таа била подготвена да го направи тоа, но наместо тоа тој ја намачкал со измет.






– Беше навистина одвратно – изјави фон Сторч.

Човекот брзо е совладан од полицијата и против него е спроведена истрага. Фон Сторч рече дека поднела тужба.

Полицијата најави мирни протести на околу стотина симпатизери на АфД во Даун.

АфД е популистичка партија основана во 2013 година на евроскептична платформа, со текот на годините се повеќе се движи кон десно. Нејзините членови се критички настроени кон политиката за имиграција, исламот и заштита на климата.

Поврзани содржини