СЕ НАМЕТНУВА НОВ ДАНОК НАМЕСТО ДА СЕ УДИРА ПО СИВАТА ЕКОНОМИЈА Мицкоски смета дека економијата е во катастрофална состојба и затоа нема пари во буџетот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека владата не сака да се откаже од солидарниот данок бидејќи мисли само на сопствените профити.

857

Очигледно дека буџетот не се полни онака како што тие предвидуваат, а посебно во делот на данокот на додадена вредност затоа што состојбата во економијата е катастрофална. Имајќи го сето тоа предвид тие удираат на оние кои и до сега редовно и дисциплинирано си ги исполнуваа обврските, а тоа се компаниите кои што работат и мака мачат да заработат за да можат да исплатат личен доход до вработените, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  во врска со солидарниот данок.

Според Мицкоски, наместо полнењето на буџетот да се подобри преку борба со сивата економија Владата удира по оние кои дисциплинирано си ги исполнуваат обврските.






– Ете тоа го прави оваа влада. Да собере од успешните денар повеќе за да може потоа преку тендери во четири очи делумно да го украде. Затоа ние бевме против. Затоа што наместо борба со сивата економија и на тој начин да овозможиме подобро полнење на буџетот, тие удираат на оние коишто редовно си ги исполнуваат обврските – рече Мицкоски.

Тој додаде дека влада не мисли за народот и не мисли за интересот на граѓаните, туку гледа за личен интерес и како повеќе да профитира.

-Тоа е мотивот зошто тие не се откажуваат од овој данок- рече Мицкоски.

Поврзани содржини