МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН УАПСЕН ВО ХРВАТСКА Шверцувал 25 мигранти, завршил во притвор

Осомничениот утрово бил сопрен од полицијата во Имотски. Тој бил зад воланот на комбе во кое имало 25 странци кои илегално влегле во Хрватска, а тој ги презел на територијата на Имотски.

1,494

Хрватската полиција во Имотски уапсила 51-годишен македонски државјанин. Тој е осомничен за криумчарење 25 мигранти и одреден му е притвор.

Осомничениот утрово бил сопрен од полицијата во Имотски. Тој бил зад воланот на комбе во кое имало 25 странци кои илегално влегле во Хрватска, а тој ги презел на територијата на Имотски.






„Утврдено е дека постои основано сомнение дека 51-годишниот од личен интерес им помагал на странски државјани при незаконско движење по претходен договор, откако нелегално влегле територијата на Хрватска пешки“ – соопштија од хрватската полиција.

Поврзани содржини