(ВИДЕО) „ЈАС САМО СТАРЕАМ!“ Шарлиз Терон жестоко им одговори на обожавателите

Холивудската актерка Шарлиз Терон одговори на гласините дека се подложила естетски операции, поради што беше особено пофалена на социјалните мрежи.

890

Холивудската актерка Шарлиз Терон одговори на гласините дека се подложила естетски операции, поради што беше особено пофалена на социјалните мрежи.

Актерката проговори за гласините дека направила пластична операција во интервју за магазинот „Алур“.






„Моето лице се менува. И сакам што моето лице се менува и старее. Луѓето мислат дека сум направила лифтинг. Тие прашуваат: ‘Што направи таа со своето лице?”. Јас всушност сакам да кажам: ‘Јас само  стареам! Тоа не значи дека имав лоша пластична операција. Токму тоа се случува’“.

Колку и да го сака својот природен изглед, таа додала дека не „гледа од висина“ на поединци кои се одлучуваат за естетска хирургија. Ѕвездата на „Атомска русокоса“ навела како другите жени го прифаќаат стареењето на свој начин и ги повика поединците да бидат „емпатични кон тоа“.

 

Зборувајќи за двојниот стандард на стареење помеѓу мажите и жените, Терон истакнала дека го презира концептот кој наведува дека мажите стареат како вино, а жените како набрани цвеќиња.

Обожавателите ја пофалија Терон за нејзиниот позитивен став кон стареењето и ја нарекоа икона.

Иако стареењето го прифатила на свој начин, таа признала дека постои еден аспект на стареењето на кој тешко се навикнува – промените на нејзиното тело.

„Повеќе од моето лице, би сакала да го имам своето 25-годишно тело коешто можам само да го фрлам на ѕид, без утре да го повредам. Сега, ако не вежбам три дена и не се вратам во теретана, не можам да одам“, изјавила таа.

Поврзани содржини