СТРАВОТ ОД МАКЕДОНИЈА „ЛОЗЈЕТО ГО ЧУВА“ Манчини нема да ја води Италија против нашата репрезентација во септември
Италија во квалификациите за Европското првенство на 9. септември и гостува на Македонија, а засега не е познато кој ќе ги води „Аѕурите“ во тој натпревар.
Италија на помалку од еден месец до натпреварот со Македонија остана без селектор откако Роберто Манчини изненадувачки поднесе оставка.
ФИГЦ попладнево официјално го потврди заминувањето на Манчини.
„Земајќи ја во предвид важноста и обврските во квалификациите и натпреварите со Македонија и Украина, ФИГЦ набрзо ќе го соопшто името на новиот селектор“, стои во соопштението.
Под негово водство Италија го освои Европското првенство, но доживеа дебакл во баражот за пласман на Мундијалот во Катар откако загуби од Македонија во Палермо со 1-0.
Италија во квалификациите за Европското првенство на 9. септември и гостува на Македонија, а засега не е познато кој ќе ги води „Аѕурите“ во тој натпревар.
Roberto Mancini has resigned as Head Coach of Italy. The FIGC will now consider the best option for the Azzurri. pic.twitter.com/KCdhWeGxnf
— Italy ⭐️⭐️⭐️⭐️ (@Azzurri_En) August 13, 2023