АПОКАЛИПТИЧНИ ПОПЛАВИ ВО НОРВЕШКА Се евакуираат илјадници луѓе

Властите предупредуваат на дополнителни поплави што би можеле да следат во наредните денови бидејќи водата се движи кон ниските крајбрежни региони.

1,370

Норвешка евакуираше илјадници лица бидејќи реките се искачија на највисоко ниво во последните 50 години, а домовите и деловните објекти се потопени или се однесени од надојдените води.

Главните патишта во земјата се затворени, а железничките услуги се во прекин во поголеми делови од јужна Норвешка, откако  реките се излеаја од нивните корита.






Властите предупредуваат на дополнителни поплави што би можеле да следат во наредните денови бидејќи водата се движи кон ниските крајбрежни региони.

Округот Инландет, една од најтешко погодените области во Норвешка, соопшти дека многу луѓе се изолирани од поплавите и дека службите за итни случаи можеби нема да можат веднаш да стигнат до сите на кои им е потребна помош.

– Ние се наоѓаме во вонредна ситуација од национални размери – кажа градоначалникот на Инландет, Ауд Хов.

Владата денеска одлучи да мобилизира повеќе хеликоптери за да учествуваат во евакуацијата, соопшти Министерството за правда и јавна безбедност за ТВ2.

Норвешките власти соопштија дека засега нема пријавено смртни случаи.

Во последните денови и Шведска и Финска се погодени од силен ветер и дождови, како и лизгање на земјиштето.

Поврзани содржини