Ковачевски, кажи Македонија барем за Илинден, нема устата да ти се исуши!
Другар Димитар Ковачевски, прв пат во овие речиси две години откако си премиер, ти се обраќам јавно и лично, со критика за твоето лично поведение. Затоа ќе си дозволам да бидам груб и да ти порачам јасно и гласно: Да ти се мочам јас на тоа твое безимено огниште! Илинденското востание е македонско и не е бугарско. Македонија слави 120 години Илинден. Кажи Македонија, ако смееш!
Цитирам објава на премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук:
„ Одбележувањето на 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ е пред нас.
Се поклонуваме пред нашите илинденци, пред нашите револуционери, нашите партизани, чие визионерство за слободна, независна и демократска држава денес живее во сите нас. На сегашните и идни генерации им ги пренесуваме илинденските демократски идеали и вредности на обединетост, еднаквост, правичност и праведност, почитување на различностите, на другиот, на честа и достоинството.
Илинденските вредности се нашиот код, огништето на нашата татковина. Само обединети и заедно можеме да ја оствариме визијата за градење на мултиетничко, мултикултурно, слободарско и демократско општество на кое нѐ задолжија илинденците.
Нека ни е честит и вековит Илинден, Денот на Републиката!“
Ова е целиот текст на Ковачевски, во кој се најавува официјалната државна прослава на Илинден и се промовира слоганот „120 години Илинден, огниште на татковината“.
И во слоганот и во објавата на Ковачевски ниту еднаш не се спомнува зборот Македонија.
Ниту „М“ од Македонија!
Ниту еднаш!
Што треба да разбереме од ова?
Дека Бугарите со во право кога велат дека Илинденското востание не е македонско, туку бугарско. Не е ни заедничко, туку само бугарско.
Не знам што сакал премиерот да каже, но тоа е пораката што се чита од слоганот на државната прослава и од неговата објава.
Не знам што мислел и од што се исплашил Ковачевски, но оваа објава и овој слоган се скандалозни!
Па добро бре, премиере, зарем устата ќе ти се исушеше ако еднаш го напишеше зборот Македонија или барем придавката македонски?
И каде го најдовте тој глупав збор огниште?
Какво огниште, аман!
Да не е Илинден некаква кафеана?
Да не е скара, весело барбикју во странска резиденција на Водно или на Калето?
Да не си ти некој современ Пиколомини?
Пиколопремиерини?
Твоите пропагандисти веројатно ќе речат дека зборот огниште означува и дом. Да, тоа е така, тоа е преносното значење на тој збор. Но, тоа е и збор кој несреќно асоцира и на начинот на кој е задушена Крушевската република. Во пламен. И во крв…
Талат Џафери ли ќе биде Бахтијар-паша на Мечкин Камен?
Тешко ли ви е да кажете чие огниште, чиј дом се Илинден и АСНОМ?
Устите ли ќе ви се исушат ако кажете дека се македонско огниште?
Или пламенот сте им го продале на Софијанците?
Другар Димитар Ковачевски, прв пат во овие речиси две години откако си премиер, ти се обраќам јавно и лично, со критика за твоето лично поведение. Затоа ќе си дозволам да бидам груб и да ти порачам јасно и гласно:
Да ти се мочам јас на тоа твое безимено огниште!
Смени го веднаш тој глупав слоган – наместо „огниште на татковината“, напиши „нашето македонско огниште“. Барем толку можеш.
Биди патриот, човече, биди Македонец и барем во илинденскиот говор воскликни горделиво – ова е Македонија!
Без она „Северна“. Илинден е македонски национален празник и затоа не си обврзан папагалски да повторуваш „Северна Македонија“.
Јасно ли е ова?
Сакаш ли јас да ти го напишам говорот, или можеби го преферираш Пичковоно перо, можеби си инспириран од паламудењето на тој мртвозорник на македонштината, на тој лидер на антимакедонската пропаганда во Македонија, обаче и в’в Б’лгарија?
Ова е Македонија, другар Димитар Ковачевски. Илинденското востание е македонско и не е бугарско. Македонија слави 120 години Илинден.
Го разбираш ли ти тоа, премиере Ковачевски?
Не се брукај веќе!
Кажи Македонија!
Кога ако не на Илинден?