РУСИЈА ГИ ЗАЈАКНУВА  ВРСКИТЕ СО СЕВЕРНА КОРЕЈА Шојгу пристигна во Пјонгјанг

Оваа посета ќе помогне да се зајакнат руско-севернокорејските воени врски и ќе стане важна фаза во развојот на соработката меѓу двете земји, соопштија од руското Министерство за одбрана.

950

Руска воена делегација предводена од министерот за одбрана на Руската Федерација, армискиот генерал Сергеј Шојгу пристигна во Северна Кореја, соопшти руското Министерство за одбрана.

„На меѓународниот аеродром Сунан (предградие на Пјонгјанг) се одржа официјална церемонија на средбата на руската делегација со учество на четата на почесната гарда на Корејската народна армија. На скалите на авионот, министерот за одбрана на Демократска Народна Република Кореја, армискиот генерал Канг Сун Нам, го пречека шефот на руското Министерство за одбрана“ , соопшти Министерството.






Се истакнува дека руската делегација ќе учествува на церемониите посветени на 70-годишнината од победата на корејскиот народ во „Патриотската ослободителна војна“.

„Оваа посета ќе помогне да се зајакнат руско-севернокорејските воени врски и ќе стане важна фаза во развојот на соработката меѓу двете земји“, потенцираат од руското Министерство за одбрана.

Поврзани содржини