НЕ ЗАПИРА ГРАДЕЖНАТА ОФАНЗИВА ВО АЕРОДРОМ Привршува асфалтирањето на новата улица 5 во стариот дел од населбата

Инфраструктурните активности кои стартуваа на почетокот на ова лето, продолжуваат и следниот период. Со нив граѓаните добиваат нови улици, пешачки патеки, спортски игралишта и паркови на неколку локации во Аеродром“, порачаа надлежните од општината.

488

Деновиве, привршува првата фаза од асфалтирањето на новопроектираната улица 5 во Стар Аеродром, со што граѓаните кои живеат во овој дел од општината, веќе имаат полесен пристап до своите домови.

– Новите улици и сообраќајници се инфраструктурни проекти кои го унапредуваат живеењето, го подобруваат движењето и решаваат важни локални проблеми. Проектот опфаќа целосно асфалтирање на улицата со ширина од 6 метри, изведба на тротоар со ширина од 1,5 метар и поставување хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Дополнително, по завршување на улицата ќе се изведат и пешачки патеки – информираше денеска првиот човек на општина Аеродром Тимчо Муцунски.






Тој додава дека реализација на овој инфраструктурен проект кој е целосно финансиран со средства на општината е исполнување на уште едно барање на граѓаните.

„Инфраструктурните активности кои стартуваа на почетокот на ова лето, продолжуваат и следниот период. Со нив граѓаните добиваат нови улици, пешачки патеки, спортски игралишта и паркови на неколку локации во Аеродром“, порачаа надлежните од општината.

Поврзани содржини