ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА ФАТАЛНАТА БОСАНКА ЗА ФИЛМСКИОТ ГРАБЕЖ Еве како Мики украде 1,2 милиони евра, планот бил повеќе од едноставен

Кога колегите биле на пауза во 15 часот, Мирнеса се однесувала како да сака да го надополни изгубеното време. Во реалноста, пак, таа во собата собирала банкноти од 100 и 200 евра.

844

Во Штутгарт денеска почнува судењето на Мирнеса С., по потекло од БиХ, попозната како Мики, која е обвинета дека украла 1.2 милиони евра од компанијата за транспорт на пари во која била вработена.

Планот кој го смислиле атрактивната русокоса и нејзините соучесници Роберт С.(29) и Марко И.(45) бил многу едноставен.






Според обвинението, до кое имаа увид германските медиуми, Мирнеса С. на 14 октомври доцнела половина час на работа и со себе донела торба полна со крпи.

Кога колегите биле на пауза во 15 часот, Мирнеса се однесувала како да сака да го надополни изгубеното време. Во реалноста, пак, таа во собата собирала банкноти од 100 и 200 евра.

Таа ги ставила сите пари во кутија на дното на торбата и ставила други работи врз неа. Таа потоа влегла во подрумот со својот багаж. Во простор без видео надзор ги извадила крпите од чантата и ги заменила со пари.

После тоа Мирнеса мирно си заминала од компанијата со 1,25 милиони евра, бидејќи немала никаква контрола на торбата.

Зошто се толку мали безбедносните мерки во компанијата за транспорт на пари?

– За жал, не можам да ви дадам никакви информации за ова, бидејќи тоа се многу чувствителни информации поврзани со безбедноста – рече портпаролот на компанијата Џулијан Зиберт (25).

Исто така, се чини дека има некои други пропусти. Како што дознава Билд од истражителите, околу два часа по кражбата, вработените во компанијата Просегур забележале дека парите недостасуваат.

Според информациите, полицијата била известена дури околу 20 часот. Мирнеса веројатно повеќе не била во Германија во тоа време.

Украдените пари сѐ уште не се пронајдени. Веројатно тие се кај Роберт С., кој ја убедил Мирнеса да го изврши ова кривично дело, а по кој полицијата сѐ уште е трага.

СЕ СЕЌАВАТЕ НА ФАТАЛНАТА БЛОНДИНКА МИКИ? Обвинението открива нови детали за мега-грабежот, но една работа останува мистерија

Поврзани содржини