СИТЕ ВРАТИ СО ДУИ СЕ ЗАТВОРЕНИ! „Огнениот“ Меџити најавува нова партија

Ова е политичка акробација и како што почнавме со искреност и сериозност, треба на гласачот, членот, милитантот на ДУИ да му понудиме алтернатива со тоа што нема да го исклучиме формирањето на ново политичко движење, нагласи Изет Меџити.

1,918

Огнената група во ДУИ оди кон формирање на ново политичко движење. Ова го соопшти потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити, кој синоќа ги обелодени имињата на координаторите во Тетово, Гостивар и во рамките на изборните единици број 1 и 2.

Според Меџити, сите врати на ДУИ се затворени и повеќе нема простор за дејствување во таа партија, пренесе Алсат.






– Кога нема простор во статутот на ДУИ да функционираме како фракција, нема политичка волја од господинот Ахмети, кој при 4-5 јавни изјави се изјасни за тоа, кога сите оние кои мислат како нас беа разрешени од владините позиции, кога бевме разрешени од Централното претседателство и не бевме поканети, кога добивме диригирани ограноци на начинот на којшто се случи, сметам дека повеќе нема простор да функционираме во ДУИ бидејќи сите врати се затворени – изјави Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Во однос на ова Меџити признава дека постојат разлики во Огнената група. Блерим Беџети и Муса Џафери сметаат дека треба да продолжат како фракција во ДУИ.

– И јас и тие имаме заеднички заклучок дека ДУИ го загуби својот пат, дека оваа извршна власт ги деградира политиките на ДУИ, ниту пак можевме да предвидиме дека ДУИ ќе отиде толку далеку. Нашата разлика е во тоа што тие мислат оти има простор да дејствуваат како фракција и зад затворени врати, додека јас и другите сметаме дека тоа би било губење време. Ова е политичка акробација и како што почнавме со искреност и сериозност, треба на гласачот, членот, милитантот на ДУИ да му понудиме алтернатива со тоа што нема да го исклучиме формирањето на ново политичко движење – нагласи Изет Меџити.

Поврзани содржини