(ФОТО) КАЈ НАУЧИВТЕ СИТЕ ВАКА ДА ПАРКИРАТЕ? Стресот на пациентите во Државна болница им започнува уште на паркингот
Ви пренесуваме како изгледа паркингот на Државна болница во 9 часот наутро.
Не знаеш кого повеќе да жалиш кога ќе фрлиш око кон Клинички центар „Мајка Тереза“ – тие што лежат во болничките кревети внатре во болницата или оние кои се обидуваат да пронајдат слободно паркинг место во кругот на болницата.
– Дечко, видов дека сега се паркираше, но те молам ослободи ми го паркинг-местото, затоа што мајка ми е во многу лоша состојба, а јас веќе половина час барам место каде да го оставам автомобилот. Или, ако не сакаш да ми го дадеш паркинг-местото, тогаш еве ти ги клучевите од возилото, па ако не ти е тешко почувај ми го. Прави што сакаш со колата, мене ми е важно мајка ми да биде добра – ни рече еден средовечен господин со автомобил на штипски таблици.
Секако, веднаш му го отстапивме паркинг-местото и потрошивме дополнителни половина час за да пронајдеме ново.
Во продолжение, ви пренесуваме како изгледа паркингот на Државна болница во 9 часот наутро: