ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИ НАМЕСТО ВЛАСТА Муцунски порача дека општина Аеродром инвестира во младите, во спортот, но и во капитални проекти
Општина Гази Баба изминатата година и пол добива лик на модерна и инфраструктурна општина. Денес Општината е отворена за граѓаните, а отчетноста и транспарентноста се водилка во нашата работа“, истакна Бобан Стефковски, градоначалникот на општина Гази Баба на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ на тема „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“.
ВМРО-ДПМНЕ низ сите генерации докажала дека со проекти, со работа може да многу да се направи за Македонија. Во таа смисла сметам дека победата на локалните избори пред година и половина и влегувањето во локалната власт на енергична нова генерација на нашата политичка партија е главниот мотор за онаа клучна победа која доаѓа, а тоа е победата на следните парламентарни избори, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски на денешната трибина „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“.
Муцунски истакна дека граѓаните знаат дека и покрај сите предизвици со кои се соочува не само државата и светот, влијаат и на локална власт од гледна точка на енергетска криза, финансиска и економска криза, сепак општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ продуцираат огромен број на проекти.
– Нема градоначалник кој во текот на една недела не промовира најмалку еден, а почесто два до три нови проекти во општините кои ги предводи ВМРО-ДПМНЕ. Доволно е да ги следите градоначалниците на другите политички партии, ќе видите дека немаат проекти. Ние работиме фокусирано, решаваме проблеми кои не ги решава централната власт. Давам пример дека учениците оваа година не добија учебници, а некои ги добија последните 10 дена, очекувањето дека и следната нема да има, но ние во Аеродром на сите четвртоодделенци кои влегуваат во фазата на дигитализација им обезбедуваме бесплатни таблети кои потоа остануваат во нивна сопственост – изјави Муцунски.
Тој додаде дека се инвестира во младите, во училиштата, Аеродром е прва општина која обезбеди бесплатно пливање за сите првачиња и за сите дечиња со попреченост и низа други проекти.
– Нови спортски објекти, терени, инвестиции во спортски клубови. Дополнителен приоритет се зелени површини, нови детски игралишта, паркови, отпочнавме капитален парк од 6000 метри квадратни наречен Радост, а СДС претходно на таа локација имаа предвидено згради. Реализираме улици, отворивме нова градинка со простор за 200 дечиња, планираме дополнителни инвестиции, реализација на проект „Смарт Аеродром“, нудиме решенија во повеќе области и тоа граѓаните го гледаат. Граѓаните гледаат дека и покрај сите предизвици работиме мотивирано промените се чувствуваат на терен. Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт на централно или на локално ниво, проектите се реализираат – нагласи Муцунски.
„Општина Гази Баба изминатата година и пол добива лик на модерна и инфраструктурна општина. Денес Општината е отворена за граѓаните, а отчетноста и транспарентноста се водилка во нашата работа“, истакна Бобан Стефковски, градоначалникот на општина Гази Баба на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ на тема „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“.
Стефковски се осврна на реализираните проекти во тековната 2023 година при што посочи дека во првите шест месеци од оваа година реализирани или започнати со реализација се повеќе од 90 нови проекти.
– Ќе соопштам одредени инвестиции што ги направивме во образовната и во спортската инфраструктура. Еден клучен проблем на жителите од општина Гази Баба особено на младите генерации беше недостаток на училишни спортски сали и досега учениците своите часови по физичко и здравствено образование би рекол ги одржуваа во нефункционални услови. За таа цел започнавме со посветено работење и по 60 години основното училиште „Кирил и Методиј“ во Стајковци доби нова училишна сала, која што ја отворивме на почетокот на оваа година. И веднаш потоа поставивме камен темелник и се започна со изградба на нова сала основното училиште „Наум Охридски“, Булачани – појасни градоначалникот на општина Гази Баба.
– Исто така на почеток од годината започнавме со инвестиции во комуналната подземна инфраструктура и во првите шест месеци во општина Гази Баба работи на фекална канализација во должина од 9 километри во населените места Смилковци, Црешово, Страчинци и Трубарево. Исто така асфалтиравме локални улици на површина на над 7.000 м2 во повеќе населени места – рече Стефковски.
Тој додаде дека Стајковци доби нов спортски центар со игралиште со вештачка трева и ново кошаркарско игралиште, и ново детско катче. Дополнително се изградија 8 нови забавни катчиња во повеќе урбани населени места. Се отвори и сензорна соба во основното училиште „Наум Наумоски – Борче“ за дечињата со посебни образовни програми.
– Воведовме и бесплатна градинка за дечињата од семејства со социјален ризик – нагласи тој.
Стефковски рече дека со оглед на енергетската и економска криза општина Гази баба како одговорна општина воведе два социјални пакети за помош пензионери со ниски примања и корисници на социјална парична помош.