(ВИДЕО) НА ПОДАРЕН ТЕНК НЕ МУ СЕ ГЛЕДААТ „ЗАБИТЕ“ Русите ги заробија толку фалените „Леопарди“

Припадниците на единиците на „Источна група“ ги проверуваат непријателските тенкови и борбените возила на пешадијата заробени во битка, соопшти руското Министерство за одбрана.

1,029

Министерството за одбрана на Русија објави видео на кое се гледаат заробени борбени возила на НАТО.

Имено, беше објаснето дека руските сили заробиле тенкови „Леопард“ од германско производство и борбени возила „Бредли“ од американско производство.






На видеото можете да се види руски војник покрај опремата на НАТО, кој вели дека тоа е „Бредли“ и многу пофалениот „Леопард“, пренесува РИА Новости.

Според руското Министерство за одбрана, видеото го снимила руската армија во правец на Запорожје.

„Припадниците на единиците на „Источна група“ ги проверуваат непријателските тенкови и борбените возила на пешадијата заробени во битка. Целата заробена опрема е западно производство, германски тенкови „Леопард“ и пешадиски борбени возила „Бредли“ од американско производство“, се вели во соопштението.

 

Поврзани содржини