(ВИДЕО) НЕМАТ СМИСЛА ШО МУ ПРАЈТЕ НА ОХРИД Пецаков бара власта да го запре лудилото во сезона

856

Откако беше објавено дека 45 денови ќе биде затворен дел од автопатот Кичево Охрид кај селото Подмоље, а возилата се пренасочуваат по стариот пат, охридскиот градоначалник Кирил Пецаков на Фејсбук искажа жестоки критики кон власта.

 

„Ова на Охрид шо му го прајте немат смисла..
Ниту идеја, ниту желба уш помалце реализација…
7 години не помрдна „автопатов“ сега на почеток на туристичка сезона 45 дена го затворате влезот на Охрид и се пренасочува цел сообраќај по стариот пат, пат кој нема капацитет да прими толкава голема бројка на возила и хаосот кој ќе го создадете е неминовен..
Заради тоа што не сакавте да не испочитувате и не ви беше битно тоа што општина Охрид беше против затворање на влезот во Охрид во овај период, негативно мислење од Општина Охрид, негативно мислење од СВР Охрид и си издадовте сами на себе дозвола за пренасочување на сообраќај, сега јавно го повикувам министерот за транспорт, министерот за внатрешни работи и премиерот, да ја сменат одлуката и да овозможат нормален проток на возила во тек на туристичката сезона, а по завршување на сезоната да отпочнат со градежните активности…
Без разлика шо не почитувате локална самоуправа, во неколку наврати го докажавте тоа и исто во неколку наврати низ годиниве влечите одлуки директно на штета на Охрид, овде сепак треба да покажите чувство и ова лудило веднаш и одма да прекине да важи!“, порача Пецаков.

Поврзани содржини