АКО МИ ПОНУДАТ, БИ БИЛ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО Доктор Јовев уште не го примил решението за смена од директор
Кардиохирургот проф. д-р Сашко Јовев сè уште не го потпишал решението за разрешување од директорската функција на државната Кардиохирургија.
Тој денеска гостуваше во емисијата „Стадион“ на Канал 77, потсетувајќи се на формирањето на државната кардиохирургија за што преговарал две децении пред и официјално да биде формирана.
Во емисијата Јовев истакна никогаш не му било нудено да биде министер за здравство, но ако тоа се случи, вели дека со задоволство ќе го стави целиот свој капацитет на располагање и би сакал тоа да биде.
– Значи да, би сакал – рече Јовев.