ОВАА НЕДЕЛА ЌЕ СТАНЕ ЈАСНО ЗА ШТО СЕ БОРИ МИЦКОСКИ Од СДСМ тврдат дека е дојден геополитичкиот момент кој треба да се искористи

Портпаролката на партијата Кузеска вели дека како држава имаме силна поддршка од ЕУ и САД во значаен геополитичко момент којашто треба да ги искористиме затоа што следна ваква шанса, ниту нов договор нема да добиеме. Пред сите партии и пратеници во македонското Собрание е одлуката: интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција.

562

Кога се работи за државните и национални интереси оваа недела ќе стане јасно и што одлучил Христијан Мицкоски: дали ќе ја поддржи европската иднина или ќе остане во заложништво на Левица во анти-европскиот блок, изајви на денешната пресконференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

-Мицкоски ќе покаже дека навистина е за единство и за реализација на национални и стратешки цели на земјата само доколку го поддржи европскиот пат и потребните реформи. Национално единство не се прави ниту со блокади на државата, а најмалку со поделба по етничка или по каква било основа – изјави Кузеска.






Според неа, додека СДСМ отсекогаш била и е на страната на државните национални интереси, ВМРО-ДПМНЕ досега не поддржала ниту една стратешка одлука.

-И кога државата го постигна Договорот од Преспа и кога стануваше членка на НАТО и кога на официјален македонски јазик ги започнавме преговорите за членство во ЕУ.Мицкоски се уште има шанса да се претстрои на страната на државните интереси и да се приклучи на европскиот пат – вели портпаролката на СДСМ.

Таа рече дека треба да се искористи политичкиот момент.

– Имаме силна поддршка од ЕУ и САД во значаен геополитичко момент којашто треба да ја искористиме затоа што следна ваква шанса, ниту нов договор нема да добиеме. Пред сите партии и пратеници во македонското Собрание е одлуката: интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција.Сите политички субјекти, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска пред граѓаните и иднината на државата, со глас за Европа да дојдеме до остварување на уште една стратешка цел – членство во ЕУ – ече Кузеска.

 

Поврзани содржини