ХАРИСОН ФОРД ПРИСТИГНА ВО КАН И ДОБИ ПОЧЕСНА „ЗЛАТНА ПАЛМА“ Актерот го претстави својот последен „Индијана Џонс“

Форд (80), кој рече дека овој филм за Индијана Џонс ќе му биде последен како лик, вчера доби и почесна „Златна палма“ на Филмскиот фестивал во Кан.

343

Актерот Харисон Форд и остатокот од екипата вчера пристигнаа во Кан за да присуствуваат на светската премиера на „Индијана Џонс и артефактот на судбината“, што е еден од големите настани најавен за овогодинешното 76-то издание на фестивалот.

Харисон Форд пристигна држејќи се за рака со сопругата Калиста Флокарт, а потоа и се придружи на остатокот од филмската екипа на црвениот тепих.






Меѓу присутнит беа и шефот на „Дизни“, Боб Ајгер, Кетлин Кенеди од „Лукасфилм“ и режисерот Стив Меквин.

Форд (80), кој рече дека овој филм за Индијана Џонс ќе му биде последен како лик, вчера доби и почесна „Златна палма“ на Филмскиот фестивал во Кан. Минатата година сличен прием и почесна „Златна палма“ беше организиран и за филмот „Топ Ган: Маверик“ и за Том Круз.

Во салата со громогласен аплауз беше примен насмеан и видно весел Форд, каде му беше врачена „Златната палма“.

„Многу сум трогнат од ова. Велат пред смртта го гледаш животот како ти поминува пред очи, јас штотуку го видов мојот живот пред очите. Голем дел од мојот живот, не целиот мој живот“, рече Форд, заблагодарувајќи се на својата сопруга Калиста Флокарт, како и на режисерот на филмот Џејмс Манголд и на актерката Фиби Валер-Бриџ.

Новиот филм за Индијана Џонс ќе се појави во кината во Америка на 30 јуни. Тоа е првиот филм од Индијана кој не е режиран од Стивен Спилберг и не е напишан од Џорџ Лукас. Наместо тоа, Манголд го режираше филмот во кој глумат Харисон Форд, Фиби Валер-Бриџ, Антонио Бандерас и Мадс Микелсен.

 

Поврзани содржини