ДЕФЕКТОТ НА МОСТОТ „БЕЛАСИЦА“ НЕМА ДА ГО НАРУШИ СНАБДУВАЊЕТО СО СТРУЈА И ПАРНО Уверување од директорот на Агенцијата за енергетика
Што и да се случи, кои и да бидат следните чекори, има алтернативен вод и тој гарантира сигурност за идната грејна сезона за граѓаните - рече Николовски.
Проблемот со мостот „Беласица“, под кого поминуваат многу електрични кабли, како и цевководи од Топлификација, нема да го наруши снабдувањето со енергија и топлина – изјави вечерва за ТВ21 Дарио Николовски, директор на Агенција за енергетика.
– Проблемот со мостот „Беласица“ отвори низа прашања, а јас ќе кажам во делот на снабдување со енергија и со топлина. Таму минуваат цевки на Топлификација, но она што можам да кажам, без разлика на конечните извештаи и колку мостот е оштетен, во делот на снабдувањето на енергија, без разлика дали има оштетување на водот, од ЕСМ добив известување дека има уште еден алтернативен вод на железничкиот мост. Пред идната грејна сезона снабдувањето со греење ќе биде непречено, парно ќе има. Што и да се случи, кои и да бидат следните чекори, има алтернативен вод и тој гарантира сигурност за идната грејна сезона за граѓаните – рече Николовски.